17.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Смешна реакција на Шортс кога проба грчка салата (Видео)

Американскиот кошаркар со македонски пасош, Ти Џеј Шортс, кој е најголемо засилување за Панатинаикос во новата сезона, учествуваше во забавно видео во кое требаше да проба грчки специјалитети.

Прво јадеше пита со спанаќ, за која даде оценка 8, а потоа на ред дојде грчка салата која не ја бендиса и даде пониска оценка 6. Шортс сака благо, па „му легна“ десертот кој му го дадоа на крај.

- Оглас -

Најнови вести