Смилковски: МЗТ Скопје го одигра најдобриот меч сезонава

Тренерот на ТФТ Скопје, Боро Смилковски призна дека МЗТ Скопје Аеродром бил многу подобар тим во полуфиналето од Купот. МЗТ славеше со убедливи 102:61, а Смилковски потенцираше дека ова бил најдобриот меч на аеродромци сезонава.

„Честитки за МЗТ. Ова беше нивниот најдобар перформарс оваа сезона. Ако вака играат, ќе обезбедат опстанок и во АБА 1 лигата. Ние имавме недостаток на фокус, а не на недостаток на енерија. Фокусот го загубивме по само неколку минути поминати на теренот. МЗТ погоди 18 тројки од 31 шута. Не се исполни мојата желба да играме финале со Пелистер“, рече Смилковски по полуфиналето и додаде дека третото место во лигашкиот дел е нивна цел, затоа што објективно очекува МЗТ и Пелистер да бидат на првите две позиции.

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродором, Србинот Драган Николиќ вели дека за полуфиналето било важно и тоа што во четвртфиналето неговиот тим играл прв и имал неколку часа повеќе можност за одмор, за разлика од играчите на ТФТ кои се изморија во дуелот со Работнички.

„Многу голема разлика во тие неколку часа за одмор. ТФТ се истроши против Работнички. Тоа беше наша шанса, во свежината. ТФТ веќе има трофеј во Купот и покажа дека е добар тим. На нас останува сега да се одмориме и да се фокусираме за утрешното финале“, рече Николиќ по победата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести