СМС вреден 100 милиони евра за спас на Манчестер јунајтед!

Сергеј Миленковиќ-Савиќ ќе си замине од Лацио, но и од италијанската Серија А. Според пишувањата во Италија, српскиот репрезентативец во наскоро време треба да го комплетира трансферот во Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ ќе платат 100 милиони евра за трансфер на популарниот СМС, победувајќи го Пари Сен Жермен во трката за доведување на овој играч.

Комбинациите за овој трансфер се многу интересни. Со доаѓањето на Савиќ, од Манчестер треба да си оди Пол Погба, и тоа во Реал Мадрид. Србинот е еден од најдобрите играчи на Лацио, каде што игра од 2015 година. За четири сезони поминати на „Олимпико“, СМС одигра 163 меча и даде 31 голови.

Манчестер јунајтед се надева дека конечно ќе најде вистински лидер на средината на теренот кој ќе ги организира нападите, па најтрофејниот англиски клуб да може повторно да се надева на титула. Минатата сезона гигантот од „Олд Трафорд“ заврши на шестото место на табелата, па затоа сега ќе игра во Лигата на Европа, а нема да биде дел од елитната Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести