Холандската фудбалска легенда, Весли Снајдер, верува дека можел да го достигне нивото на двајцата кралеви на модерниот фудбал, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но не сакал да се лиши од некои работи, што било неопходно за да го стигне нивото на Португалецот или Аргентинецот. Снајдер бил мераклија и да се напие алкохол.
Снајдер направи кариера каква што би посакале многумина, играше за Ајакс и Реал Мадрид, а во 2010 година со Интер освои три трофеи (Лигата на шампионите двојна круна во Италија), настапуваше и за Галатасарај, а за националниот тим на Холандија одигра 134 меча и во за него незаборавната 2010 година, стигна до финале на Светско првенство.
„Можев да бидам како Роналдо и Меси, но никогаш не почувствував потреба да бидам таков. Му се насладував на животот, после секоја вечера си пиев по една чаша вино. Лео и Кристијано се поразлични, тие направија безброј жртви. Мене и вака ми е супер, кариерата ми беше одлична, задоволен сум” – рече екс соиграчот на Горан Пандев.
Снајдер се повлече лани, последната сезона во кариерата ја мина во клубот Ал Гарафа од Катар, а сега работи во клубот Утрехт, каде можеби во иднина ќе го преземе и тренерското место.