Реал Мадрид води со 2-0 по првото полувреме на четвртфиналето на Светското клупско првенство против Борусија Дортмунд.
Двата гола за Кралскиот клуб ги постигнаа Шпанци и тоа играчи со истото презиме Гарсија. Најпрвин погоди Гонзало Гарсија кој е хит на СКП со четири гола и една асистенција, а втор гол во дресот на Реал даде бекот Фран Гарсија.
Интересно е дека последните четири голови за Кралскиот клуб ги постигнаа шпански фудбалери, нешто што не беше карактеристично за Реал додека ги водеше поранешниот тренер Карло Анчелоти. Сезонава Реал имаше неверојатна низа од дури 63 гола по ред (рекорд во шпанскиот фудбал) кои ги постигнуваа странски фудбалери.
Но, по доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо, младиот Гонзало максимално ја користи шансата и неподготвеноста на Мбапе, и сега се бори за прв стрелец на Светското клупско.
Ова е голот на Гонзало по нафрлување на Арда Ѓулер:
⚽ GONZALO GARCÍA STRIKES EARLY!
10th minute, 4th goal of the tournament — this young man is on fire! 🔥 pic.twitter.com/SWqxpqKQJj
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 5, 2025