Победата на Валенсија над Еспањол од 3-2, потврди дека македонскиот голман Столе Димитриевски е таличен за Лилјаците. Победата на Валенсија ја донесе Рамазани од пенал во 94-та минута.
Откако се повреди првиот голман Хулен Агирезабала, а на голот застана Димитриевски, Валенсија нема пораз (три победи и едно реми). Столе денеска прими два гола, но во рамки на неговиот гол беа упатени шест шутеви.
Од македонските репрезентативци, му оди и на Висар Муслиу кој со неговиот тим Сент Труиден е првопласиран во моментов во белгиската лига, а може да биде симнат вечерва, но најниско би паднале на втора позиција. Муслиу одигра цел меч во денешната победа над Ла Лувиер од 2-1.

