Со „дрим-тимот“ на Реал освои ЛШ, па лежеше во затвор, сега има 40 години и си најде нов клуб (Фото)

Некогашниот лев бек на Реал Мадрид, Раул Браво, кој имаше чест да биде соиграч со ѕвезди како Зидан, Фиго, Бекам, Роберто Карлос, Раул, во април ќе полни 41 година, а денеска потпиша договор со еден нисколигаш.

Браво во 2002 ја освои Лигата на шампионите со Реал, а во последните години беше спомнуван во корупциски скандал околу местење мечеви и заврши со затвор. Го обвинуваа и дека стои зад обидот за убиство на Дарко Ковачевиќ, со кого играа заедно во Олимпијакос од 2007 до 2009 година. Шпанецот ги негираше овие обвинувања и ги нарече измислени.

Браво имаше фудбалска пауза од пет години, а сега одлучи да му се врати на фудбалот. Потпиша за клубот Бениопа.

- Оглас -

Најнови вести