Со еден триумф, Јунајтед постави два рекорди во Премиер лигата (видео)

Манчестер јунајтед со мала задршка успеа да слави на гостувањето кај Шефилд јунајтед со конечни 3-2 и да постави два рекорди во Премиер лигата.

Имено, 20-кратниот англиски првак е првиот тим кој запишал 10 последователни гостински победи во англискиот шампионат, притоа успеа да реализира најмалку по два погодоци во секоја од победите надвор од „Олд Трафорд“.

Црвените ѓаволи прво наидоа на проблеми откако Мекголдрик ја искористи кардиналната грешка на голманот Хендерсон и погоди за 1-0 во корист на домаќините.

Меѓутоа избраниците на Солскјер се изборија за пресврт уште во првиот дел преку Рашфорд и Марсијал, а потоа англискиот голгетер ги разреши сите дилеми со својот втор гол на средбата во 51-та минута. Во финишот Мекголдрик го реализира вториот гол на средбата, но тоа беше сè што стори Шефилд.

https://twitter.com/343score/status/1339669717745856514

https://twitter.com/AdedotunOsi/status/1339671988709830667

Манчестер јунајтед по оваа победа, застана на шестото место на табелата со 23 бода, исто колку што има петтопласираниот Евертон, додека Шефилд останува на дното со 12 порази по 13 натпревари и само еден бод.

- Оглас -

Најнови вести