Резервата на Де Хеа го честеше најслабиот тим во Премиер лигата (видео)

Голема голманска грешка направи Дин Хендерсон која го чинеше погодок во својата мрежа и негатива од 1-0 на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Шефилд.

Црвените ѓаволи само по пет минути во мечот се најдоа во резултатски заостаток против моментално најслабиот тим во Премиер лигата. Шефилд во претходните 12 натпревари едвај постигна пет погодоци и со 11 порази е последен на табелата, но решени се да приредат изненадување против 20-кратниот англиски првак.

Хендерсон доцнеше со реакцијата и во моментот кога сакаше да се ослободи од топката, противничкиот играч му ја пресече намерата, а Мекголдрик ја имаше полесната задача.

https://twitter.com/humzah_LFC/status/1339663669081288704

- Оглас -

Најнови вести