Поранешниот германски фудбалер Андре Шурле, кој во 2019 година ја заврши професионалната кариера, сега има нова љубов, се натпреварува во еден од најекспремните спортови.
Поранешниот играч на Волфсбург, Челзи и Борусија Дортмунд, сега полугол освојува планински врвови, и тоа на минус 19 целзиусови степени.
Шурле на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографии како само во шорцеви и без маичка, со ракавици и капа, освојува планински врвови.
„Трет ден од ледениот предизвик и успеав да се искачам на врвот заедно со одлична екипа. Ова ми беше најтешкиот предизвик во животот, и ментално и физички. Последните неколку минути не чувствував ништо. Ова е искуство кое никогаш нема да го заборавам, се искачувавме на температура од 19 степени под нулата, ветерот ви дува во лицето, а тука се и снегот и дождот. Што научив од ова, дека моето тело е посилно и поцврство отколку што мислев“, напиша меѓу другото Шурле.