28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Со фантастичен гол од 60 метри Борха го засени потегот на Ашковски (Видео)

Борха Валје постигна фантастичен гол од огромна далечина, со лоб удар од 60-на метри за Динамо Букурешт и го спаси гигантот од пораз против Ботошани.

Шпанецот забележа дека голманот на гостите Едуард Пап е излезен надвор од шеснаесетникот и успеа од далечина со прецизен удар да го лобува.

Со погодокот во 71. минута Борха ја анулира предноста на Ботошани од 37. минута, а на водечкиот гол на гостите му „кумуваше“ нашиот поранешен репрезентативец Стефан Ашковски. По неговиот удар со глава топката го погоди Исмаел Лопес во ногата и влезе во домашниот гол.

Ашковски играше до 67. минута, а со него како стартер за Ботошани во Букурешт против гигантот на романскиот фудбал играше и Давид Бабунски.

Ботошани со ремито 1:1 остана на  врвот на табелата со 7 бода на три меча. Динамо е без победа со две ремија и еден пораз на стартот од новото првенство во Романија.

- Оглас -

Најнови вести