Со или без навивачи, „Ванда“ остана неосвоива тврдина во 2020-та

Атлетико Мадрид како лидер во шпанското првенство влегува во Новата 2021 година, а во годината која остана зад нас тимот на Диего Симеоне успеа да направи неосвоива тврдина од својот дом, „Ванда Метрополитано“.

Имено, Јорганџиите го сочуваа домашниот терен во 2020 година без пораз во сите натпреварувања. Последно Атлетико дома загуби од Барселона со минимални 0-1 на 1 декември 2019 година во меч од Ла Лига, додека на меѓунардоната сцена, односно во Лигата на шампионите, Атлетико последниот пораз го памети од Челзи со конечни 1-2, на 27 септември 2017 година.

Вкупно 24 меча во  2020 година Атлетико ги одигра на својот стадион и не дозволи да биде поразен. Овој учинок е прилично важен за екипата да продолжи со походот кон титулата во шпанското првенство, на која чека од сезоната 2013/14.

Иако 2020 година почна со навивачи на трибините, истите не се вратија на стадионите, барем не во Шпанија, откако фудбалот продолжи по тримесечната пауза. Сепак, за Атлетико немаше разлика дали нивниот 23-ти играч е на трибините.

- Оглас -

Најнови вести