Со јубилеен 500-ти гол, Баерн постави рекорд во Лигата на шампионите

Баерн Минхен од вечерва е шампион на фудбалска Европа благодарение на парижанецот Кингсли Коман. Со шестата европска титула, германскиот првак ја комплетираше „триплетата“ по пауза од седум години, а тоа го направи во голем стил.

Баварците поставија рекорд во Лигата на шампионите, тимот на Ханси Флик е единствен во историјата во меѓународното натпреварување кој оствари максимален учинок во победи на патот до титулата. Баерн во 11 меча запиша исто толку победи со гол-разлика од 43-8.

Инаку, погодокот на Коман е јубилеен 500-ти за гигантот од Минхен во најелитното европско натпреварување. Само Барселона и Реал Мадрид се поефикасни од новиот континентален владетел.

- Оглас -

Најнови вести