ПСЖ потроши над милијарда евра, а сонот за европски трон им го урна нивно дете (Видео)

Баерн Минхен е нов европски првак, откако вечерва во историското корона финале без публика во Лисабон, со 1-0 го победи Пари Сен Жермен. Баварците по шести пат се искачија на европскиот трон, сега повеќе европски титули од нив имаат само Реал Мадрид и Милан, но Баерн е прв во историјата кој до трофејот дошол со победи на сите натпревари (11) во сезоната. Баерн освои тројна круна.

Голот вреден титула беше дело на Кингсли Коман. Коман е роден во Париз, во 2004 година почна да игра во академијата на ПСЖ, стигна до првиот тим, но одигра само три меча за Светците пред да биде продаден во Јувентус, од каде дојде во Баерн. Вечерва, тој со гол го урна сонот на богатите катарски газди за европска титула. Изгледа погрешија што го продадоа, барем така ќе мислат вечерва.

ПСЖ кој потроши над 1 милијарда евра за засилувања, ќе треба да почека друга прилика. Ова е голот со кој Баерн го доби финалето:

https://www.youtube.com/watch?v=p5m52zKE4fY

- Оглас -

Најнови вести