21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Со кого игравме и од кого загубивме – Португалците имаат уште еден тим што ќе игра на Мундијалот во Катар

Македонија загуби од фудбалска велесила, Португалија во финалниот бараж за настап на Светското првенство, а еден интересен податок само ја потврдува силата на Европските Бразилци.

Досега дури 13-мина фудбалери, странци што играат во Првата португалска лига, или популарната Примеира, обезбедија настап на Мундијалот со своите репрезентации.

Се работи за интернационалци од Порто, Бенфика, Спортинг… кои играат во Примиера, а се стандардни во други репрезентации или во последно време биле повикувани за настап за својата земја.

Македонија и нашата Прва лига немаат ниту еден таков играч, што само ја презентира и разликата во квалитетот на фудбалот кај нас и во Португалија, репрезентација која вчера нè победи со 2:0 на „Драгао“ во Порто и ќе игра на Светското првенство во Катар.

Македонија си останува со старите проблеми и многу слаба фудбалска лига, која е меѓу последните во Европа.

Репрезентацијата ни е составена исклучиво од фудбалери што играат во странство и нема ниту најави дека тоа би можело да се смени во блиска иднина и да се подобри квалитетот, инфраструктурата и инвестициите во макфудбалот и во Првата македонска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести