Првиот ден од март му донесе голема заработка на обложувач кој во Sport Life во Гостивар уплатил само 30 денари, а точно погоди девет исходи на фудбалски натпревари и тоа му донесе бруто-добивка од речиси 100.000 денари.
На тикетот се девет меча кои се играа вчера, а играта на која се обложил овој играч е истата, типувал дека еден од тимовите, некаде домаќинот, некаде гостинот, ќе постигне еден до два гола во првото полувреме. Квотите се над 2.00 и можеби ова ќе натера некого во иднина почесто да ја применува оваа игра на голови.

Тетовец во петокот уплатил тикет со 17 пара, мечеви кои се играа во саботата. Уплатата од 100 денари и точните прогнози му донесоа вкупна добитна квота од дури 2.193, па и заработката му е околу 3.000 евра.
Овој тикет е „класика“, има само конечен тип кец или двојка, а квотите се помали од 2.00, но сите заедно носат огромна добивка.
Последен за чекање му бил мечот Овиедо – Атлетико Мадрид, на кој е типувано победа на гостите. Атлетико до победата од 1-0 дојде дури во 94-тата минута со гол на Хулијан Алварес.

Голема шестоцифрена добивка имал и скопјанец, кој уплатил во Sport Life на Бит Пазар.
Бројот 13 му беше среќен, погоди 13 меча, комбинација од конечен тип и „гол-гол“, а уплатил 100 денари.


