Имаше многу емоции кај Аѕурите – Грмна аплауз за Спинацола, кој замина на операција (Видео)

Леонардо Спинацола замина на операција на ахиловата тетива што ја скина на вчерашниот дуел против Белгија со многу емоции, а го испратија соиграчите од италијанската репрезентација.

Спинацола ќе биде опериран и му следи најмалку 4 месеци пауза, по што ќе очекува настап за Рома, клуб чиј член е од 2019 година. Вчера на дербито од четвртфиналната рунда на Европското првенство Леонардо тешко се повреди и беше заменет во 79. минута.

https://twitter.com/Vivo_Azzurro/status/1411322869238407169?s=20

Беше објавено дека ја скинал ахиловата тетива што е дна од најтешките повреди во спортот, а ќе мора долго да паузира.

Неговите соиграчи му ја посветија победата против Белгија со 2:1 и сега без него ќе се обидат најпрво да ја победат Шпанија во полуфиналето на 6. јули на „Вембли“, а потоа да слават и во финалето и да ја освојат европската круна.

 

- Оглас -

Најнови вести