Македонската фудбалска репрезентацијта вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје против Лихтенштајн ќе ги лечи раните од поразот против Романија кој го претрпе пред неколку дена.
Ова е голема шанса за Рисовите да ја остварат првата победа во мундијалските квалификации, а составот на Игро Ангеловски како ретко кога е огромен фаворит. Квотата за „кец“ е само 1.12, што само појаснува дека сме далеку поквалитетна репрезентација и треба да го оправдаме тоа на теренот.
Јасно беше дека речиси сите 2.044 учесници во 29-тото коло на Спортска прогноза ќе типуваат победа на Македонија, па затоа е најсигурен тип во овој прогнозерски тикет кој носи вкупен коефициент од 284.62. Исто така како сигурен тип делува „двојката“ на Германија против Романија, додека најтипувани „двојки“ се Данска У21 и Франција У21 во натпреварите од групната фаза во Европското првенство за млади до 21 година.
6203 Исланд У21 – Данска У21 2 (1.39)
6703 Хрватска У21 – Швајцарија У21 1 (3.10)
6741 Ерменија – Исланд 2 (2.20)
6743 Израел – Шкотска X (3.15)
6747 МАКЕДОНИЈА – Лихтенштајн 1 (1.12)
6750 Романија – Германија 2 (1.35)
6710 Русија У21 – Франција У21 2 (1.97)
6709 Португалија У21 – Англија У21 X (3.20)