Фудбалерот на Баер Леверкузен, Патрик Шик, со гол од далечина каква што до денеска не беше видена ни на светско, ни на европско првенство го одбележа натпреварот помеѓу Чешка и Шкотска, кој Чесите го добија со 2-0. Шик беше двократен стрелец, а за неговиот втор погодок ќе се зборува уште многу години.
Шкотска имаше шанси, но на голот на Чешка, Томаш Вацлик, беше расположен и не дозволи да го совладаат. При една интервенција, тој имаше одбрана во стилот на славниот хокеарски голман и негов сонародник Доминик Хашек.
Сега Чесите избиваат на прво место во групата во која се и Англија и Хрватска.
https://twitter.com/i/status/1404446889873793035