Екипата на Илинден ги започна подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Илинден имаше одлична полусезона и во 10 меча имаше осум победи и две нерешени, па заслужено е на првото место на табелата во општинската лига Гази Баба.

Во зимската пауза, челниците на Илинден не мируваа, па доведоа засилувања како меѓу играчите така и во стручниот штаб. Баже Лазаревски и Стево Митровски-Цеко ќе бидат предводници од клупата и нивна цел е да го одведат тимот во повисок ранг на натпреварување.
Од играчките дел, нови играчи се Бојан Илиев, Филип Цветковски, Теодор Хаџи-Попоски и Милан Ристовски.


