Со одлука на ден пред финалето – Медведев ќе земе помалку пари за титула на Австралија опен од Надал

Организаторите на Австралија опен, кој е првиот тениски гренслем во сезоната на еден ден пред финалето меѓу Данил Медведев и Рафаел Надал донесоа одлука да го казнат рускиот тенисер со 12.000 долари што ќе му биде одбиена од предвидената награда.

Ако Медведев го победи Надал ќе заработи 2.863.000 долари, бидејќи е најавено дека казната од 12 илјади долари ќе му биде одбиена од наградата што ќе ја добие во зависност од исходот и кој ќе ја освои титулата.

Ако победи Надал, тој ќе добие чек на полниот износ предвиден за шампионот во Мелбурн, односно точно 2.875.000 долари.

Медведев е казнет за испадот во полуфиналето против Стефанос Циципас, кога имаше бурна реакција и кавга со судијата Хаиме Кампистол од Шпанија.

Медведев беше премногу остар во кавгата, а му упати и навредливи зборови на судијата, па сега стаса и казната од 12 илјади долари.

Финалето се игра утре од 9,30 часот по средноевропско време.

Медведев бие битка за втората гренслем титула, а ако победи Надал ќе биде светски рекордер со 21 пехар од четирите најценети светски тениски турнири.

Поразениот во финалето треба да добие 1.575.000 долари, но таа сума би ја добил само Надал, додека Медведев би заработил 1.563.000 долари.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести