Тројца членови на Баерн Минхен може да се пофалат дека во своите кариери учествувале во две незаборавни историски разбивања на славни противници. Станува збор за голманот Мануел Нојер, дефанзивецот Жером Боатенг и напаѓачот Томас Милер.
Нојер, Боатенг и Милер беа во составот на репрезентацијата на Германија која на 8 јули 2014 година, во полуфиналето на Светското првенство во Бразил, на Кариоките им нанесоа невиден пораз од 7-1. Тој меч во Бело Хоризонте на Бразил му го донесе најголемото понижување, исто како што Барса испадна смешна и беше понижена како никогаш досега.
Овојпат Нојер, Боатенг и Милер беа заедно во дресот на Баерн Минхен, и успеаја да му нанесат најтежок пораз кој се памети на супер скап тим предводен од најдобриот фудбалер на светот за 2019 година и еден од најдобрите во историјата, Лионел Меси.