Со петте натпревари од Квотите на денот на Sport Life уплатата ја множите со 50 (Фото)

Вкупната квота на петте натпревари од Квотите на денот на Sport Life изнесува точно 50. Во понудата се по еден натпревар од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, но и два меча од англиската Чемпионшип дивизија и еден од првенството на Аргентина. Поединечно квотите се движат помеѓу 2.10 и 2.40.

Екипата на Спортинг Лисабон е благ фаворит на првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа против Аталанта. Очекувањата се дека домашната екипа нема да загуби, но и дека двете екипи ќе постигнат барем по еден гол. Доколку овие два услови се исполнат, квотата од 2.25 ќе биде добитна.

Очекувањата се дека екипата на Мидлсборо нема да загуби на домашен терен од Норвич во мечот од англиската Чемпионшип дивизија, а доколку во првото полувреме има барем еден гол, тогаш квотата од 2.10 ќе биде добитна.

Понудената квота од 2.40 за мечот помеѓу Саутхемптон и Престон е најголема во Квотите на денот, а ќе биде добитна само ако домашните победат во натпревар на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

Ефикасно се очекува да биде на реваншот помеѓу Реал Мадрид и Лајпциг во осминафиналето на Лигата на шампионите. Доколку двете екипи бидат прецизни, но и ако во двете полувремиња бидат постигнати погодоци, тогаш квотата од 2.10 ќе биде добитна.

Бока јуниорс е мал фаворит на гостувањето кај Унион Санта Фе и се очекува да не загуби во меч на којшто ќе бидат постигнати најмалку два гола. Доколку тоа се случи, квотата од 2.10 ќе биде добитна.

- Оглас -

Најнови вести