Хрватската и светска скијачка легенда Ивица Костелиќ со проста математика го објасни фудбалското чудо што во последните 24 години го преиредува неговата земја со три медали на Светските првенства.
Денеска во малото мундијалско финале во Катар, Коцкестите го победија Мароко со 2:1 и го освоија вториот бронзен медал по тој од 1998 година.
Во Русија пред четири години беа на прагот и на светската титула, но загубија од Франција во финалето со 2:4 и се закитија со сребро.
„Хрватска е земја со 3.8 милиони жители и со шест настапи на Светско првенство на кои освои три медали. Па ти види… напиша Костелиќ на фејсбук.
Ефектот е 50 посто, односно 3 медали на шест Мундијали, нешто што го немаат многу поголеми земји во светот.
Хрватите имаат континуитет и од настапи и од успеси на големите натпреварувања, а во Катар беа четвртата најмал земја според бројот на жители и пласирана во Топ-4 според резултатот, а трети со бронза во конечниот поредок.
Утре од 16 часот се игра големото финале меѓу Аргентина и Франција за светската круна во Катар.