Со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на шампионите, сега потпиша со тимот од детството на Меси

Легендарниот репрезентативен голман на Костарика, Кејлор Навас, има нов клуб. Искусниот 38-годишен Навас потпиша со екипата на Њуел олд бојс од Аргентина. Овој аргентински клуб е познат по тоа што е прв клуб на Лионел Меси.

Навас во Аргентина заминува без отштета. Последен пат бранеше за Нотингам форест, и тоа како позајмен играч од Пари Сен Жермен. Во францускиот гигант Навас го загуби местото откако се појави Џанлуиџи Донарума и потоа едноставно остана во сенка на италијанскиот чувар на мрежата. Со ПСЖ, Навас ги освои сите трофеи во Франција.

Сепак, кулминација на кариерата на Навас беше додека го носеше дресот на Реал Мадрид. Со Кралскиот клуб Навас трипати беше европски првак и освојувач на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести