Монако и Нант со реми од 1-1 ја отворија сезоната 2021/22 во француската Лига 1. На стадионот „Луј Втори“ мораше да се поделат бодовите, иако Кнезовите доминираа во сите 90 минути, сепак најважната статистика не го потврди тоа.
Монако имаше 75% посед на топката, дури 9 удари кон противничкиот гол, а само еден заврши во мрежата на Лафонт, оној на Желсон Мартинс во 14-тата минута од мечот. Не помогнаа ниту тројно повеќе додавања на домаќините (над 620 точни), ниту бројните прекини преку кои можеше да се дојде до нов гол.
Конечниот резултат го постави Кастелјето во 42-та минута.