Македонија ги дозна противниците во Лигата на нации. Тоа се селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Првпат ќе ги одмериме силите со Швајцарците, а статистиката не ни е така поразителна против Шкотска и против Словенија.
Со Словенија имаме позитивен биланс, од седум меѓусебни натпревари, Македонија има четири победи, две средби завршија нерешено, а имаме само еден пораз.
Најзначајниот дуел со Словенија беше токму првиот официјален меч, кога како гости славевме со убедливи 1-4.
Словенија – Македонија 1-4 (1993)
Македонија – Словенија 2-0 (1994)
Македонија – Словенија 3-2 (2012)
Словенија – Македонија 1-0 (2016)
Словенија – Македонија 1-1 (2019)
Македонија – Словенија 2-1 (2019)
Македонија – Словенија 1-1 (2021)
Против Шкотска имаме одиграно четири натпревари и Македонија има една победа, наспроти два пораза и еден нерешен резултат. Победата беше во сега веќе далечната 2008 година, со гол на Илчо Наумоски.
Македонија – Шкотска 1-0 (2008)
Шкотска – Македонија 2-0 (2009)
Шкотска – Македонија 1-1 (2012)
Македонија – Шкотска 1-2 (2013)
Новиот најголем предизвик е селекцијата на Швајцарија, репрезентација со која досега немаме одиграно натпревар.

