Со солзи во очите даваше изјава: За*бано е што сме во ваква ситуација (видео)

Валенсија вчера го претрпе 10-тиот пораз во шпанското првенство и тоа со убедливи 3-0 на гостувањето кај Хетафе. Екипата од „Месталја“ оваа сезона ќе се бори за опстанок во елитата, што е голем непријатен шок за фудбалскиот свет ако се знае дека Лилјаците до лани се бореа за топ 4 местата во Ла Лига.

По поразот, дефанзивецот Габриел Паулиста со солзи во очите даваше изјава.

„За*бано е што сме во ваква ситуација. Валенсија е голем клуб и не заслужува да биде во криза, од која ние мора да излеземе и да ја одбраниме честа на клубот“, посочи расплаканиот Бразилец.

https://streamable.com/otqpky

Пандемијата со корона-вирусот многу му наштети на шесткраниот шпански првак. Пред почетокот на сезоната си заминаа најдобрите фудбалери, повеќето за смешни суми, додека пак управата немаше средства за засилувања, па тимот е оставен на цедило.

По 25 кола во Ла Лига, Валенсија е 14-та на табелата со 27 бода, шест повеќе од Валјадолид и Елче кои се во црвената зона за испаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести