Со солзи во очите до победа во чест на ненадејно починатиот тренер

Екипата на ТСЦ од Бачка Топола, со 3-0 победи на гостувањето кај Инѓија, а средбата мина во една траорна атмосфера бидејќи гостите уште се во шок по смртта на нивниот тренер Золтан Сабо, кој почина пред три дена. Додека траеше едноминутниот молк пред мечот, некои од играчите на ТСЦ беа совладани од емоциите и лееја солзи во очите, а слично беше и кога го дадоа првиот гол во четвртата минута.

„Ти благодариме за сè шефе“, пишуваше на српски и унгарски јазик на маиците со кои тимот на ТСЦ излезе на теренот, а на маиците го имаше и ликот на Сабо.

Иако им беше тешко да играат, тие победија за својот шеф со игра од која Сабо би бил задоволен.

- Оглас -

Најнови вести