Со Спорт Манија препиши си и радувај се на добивка – Типстерските совети беа прецизни, тикетот од вчера е погоден со квота 44,1

Типстерските совети што вчера ви ги предложивме со пет пара од Лигата на Европа и од Конференциската лига на УЕФА се погодени и сите што го одиграа тикетот, си ја поможија уплатата со одличен коефициент од 44.1 во Sport Life.

Тоа би значело дека со уплата од 100 денари, ќарот во бруто-износ е 4.410 денари, што е сосема солидна сума.

Во првата сеанса од вкупно 29 натпревари, наш предлог беше да се одигра дека на мечот меѓу Динамо Загреб и Вест хем ќе има најмногу до еден гол во првото полувреме и максимум два во вториот дел, или 0-1I&0-2II.

Мечот од првото коло во Лигата на Европа што се играше на „Максимир“ од 18.45 часот заврши со победа на англискиот тим од 0:2, а на полувремето беше 0:1, па погодениот коефициент е 1.74.

Во исто време во Конференциската лига на УЕФА играа Слован и ФК Копенхаген во Братислава и тука ви предложивме игра на голови. Најмалку да има еден гол во првиот дел и вкупно да биде 3+, или 1+I&3+ со квота од 2.35.

На „Техелне поле“ во Братислава експресно беа исполнети двата услови и по првото полувреме беше 1:2 за гостите од Данска, кои победија со 1:3.

Возбудливо беше на „Филипс арената“ на дуелот меѓу ПСВ Ајндховен и Реал Сосиедад што го типувавме со комбиниран тип 1Х&2-4 гола. Гостите во меч што се играше од 20.45 часот во Лигата на Европа водеа со 1:2 по првото полувреме, но ПСВ израмни на 2:2 во 54-тата минута. Тикетот беше во опасност и гол на која било екипа ќе ги уништеше надежите за добивка, но сепак во следните 40-тина минути со судиското продолжение погодок немаше, па и третиот пар со квота од 1.97 беше погоден.

Лестер и Наполи одиграа со идентичен резултат 2:2, а тука нашиот предлог беше да се одигра ГГ&3+ со коефициент 1.97 во Sport Life.

Во ист термин од 20.45 играа и Рома и ЦСКА Софија во Конференциската лига на УЕФА, а и тука беше возбудливо и неизвесно за предлог-типот 1-1&3+ во Типстерските совети.

Гостите поведоа со 0:1 во 10-тата минута, но Пелегрини и Ел Шарави со два гола од 28-мата до 35-тата минута направија пресврт во првото полувреме, а потоа се одеше како по ноти и со уште три гола во вториот дел Римската Волчица победи убедливо со 5:1.

Коефициентот на овој меч за „кец у кец и 3+“ беше 2.50, а Типстерските совети на Спорт Манија беа комплетно точни и тикетот со вкупна квота од 44.10 е добитен.

За сите што го одиграа нашиот предлог-тикет, честитики за добивките и, секако, следете ги Типстерските совети, содржина што секој ден е присутна на страниците на Спорт Манија и Sport Life!

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести