Рома убедливо ќе го победи бугарскиот тим од којшто лани загуби со 3:0

6030 ПСВ Ајндховен – Реал Сосиедад (21 ч.)

Некогашниот европски првак ПСВ за малку не се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите и според играта, тимот од Ајндховен сигурно ќе биде меѓу фаворитите во Лигата на Европа. Холандскиот тим има само еден пораз во последните 22 меча во сите натпреварувања, а нападот е најсилното оружје на ПСВ.

Од друга страна, Сосиедад игра одлично, посебно во одбраната, и во трите последни средби победи без да прими погодок. Гостите имаат повеќе повредени играчи, па тоа може да биде проблем за нив.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.19)

 

6033 Лестер – Наполи (21 ч.)

Наполи последниот пораз го има на 7 април кај Јувентус со 2:1, а од тој меч досега одигра 12 средби, во кои има девет победи и само три нерешени дуели. Лестер сезонава веќе освои еден трофеј по победата над Манчестер сити во Комјунити шилд, но во Премиер лигата двапати загуби од четири дуели.

Наполи игра одлично во офанзивата, а Лестер со Џејми Варди сигурно нема лесно да дозволи да биде поразен дома. Според актуелната форма и составите на двата тима, може да очекуваме погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.97)

 

6028 Динамо Загреб – Вест хем (18:45 ч.)

Хрватскиот првак беше елиминиран во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, па продолжува во второто по ранг натпреварување во УЕФА. Ако се погледнат последните 14 мечеви на Динамо, дури 12 завршиле со не повеќе од два гола.

Без разлика кој е ривал, Динамо ретко губи дома, а Вест хем е тим кој знае да биде опасен. На четири меча во Премиер лигата, Чеканите дадоа вкупно 10 гола.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.74)

 

6708 Слован Братислава – Копенхаген (18:45 ч.)

Копенхаген сезонава нема ниту еден пораз во 14 меча во сите натпреварувања (11 победи и три нерешени), а тоа најчесто се средби со многу погодоци, па дури на осум имаше најмалку четири погодоци.

Слован Братислава не успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа, па заврши во Конференциската лига. Против Копенхаген има одиграно два меча во далечната 1994 година, кога Слован има една победа од 1:0, а вториот меч завршил 1:1.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.35)

 

6714 Рома – ЦСКА Софија (21 ч.)

Жозе Мурињо е тренер кој не сака да губи без разлика кој е ривалот и Португалецот сигурно ќе сака да стартува со триумф во групната фаза од Конференциската лига. ЦСКА Софија е добро познат ривал за Римската волчица затоа што лани играа во истата фаза, а малку е чудно тоа што бугарскиот тим беше поуспешен.

На мечот во Рим беше 0:0, а потоа ЦСКА во Софија победи со 3:1. Тоа ќе биде и дополнителен мотив за Рома сега да се реваншира за ланските лоши резултати со овој противник.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести