Со Супер типот до зголемени квоти, се очекуваат победи на римските тимови во Лигата на Европа

Натпреварите во Лигата на Европа и во Лигата на конференции доминираат во Супер типот на Sport Life со зголемени квоти. Стандардно, обложувачите имаат избор од 16 натпревари со зголемени квоти, шест се тениски мечеви и десет фудбалски, а квотите се движат од 1.35, па сè до 3.05.

Понудата во Супер типот започнува со тенис, Чехот Томас Мачац, кој е 115-ти на АТП ранг-листата, е фаворит против 217-тиот тенисер на светот, Антоан Ескофие, а квотата за кецот изнесува 1.35.

Данил Медведев е фаворит против Доминик Тим, како и Феликс Оже-Алијасим против Миомир Кецмановиќ.

Од фудбалските мечеви, има зголемени квоти на десет меча, а само на три гостите се фаворити, Рома, Реал Сосиседад и Монако.

Лацио, кој игра во одлична форма, е фаворит за победа на домашен терен против Митјиланд, како и Вилјареал, Фрајбург и Базел.

Во Супер типот има и два меча со зголемени квоти од бразилскиот шампионат, Сао Пауло е фаворит против Атлетико, како и Форталеза против Коритиба.

- Оглас -

Најнови вести