35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Со три фотографии каталонските медиуми докажуваат дека судиите му помагат на Реал (фото)

Каталонските медиуми подразбирливо застанаа на страната на Барселона кога во прашање е ВАР-системот и нееднаквото третирање на клубовите во Шпанија. Тие објавија три фотографии со кои докажуваат дека судиите многу често им прогледуваат низ прсти на Кралевите.

Првата ситуација е повлекувањето на Каземиро на играчот на Гранада, во мечот кој се одигра пред два дена, за што Бразилецот избегна казна. На втората фотографија се гледа дека ударот на играчот на Гранада заврши во раката на Каземиро, додека тој е во шестнаесетникот, а судијата е во непосредна близина и не суди никаков прекршок.

На последната фотографија претседателот Флорентино Перес се наоѓа во тунелот од каде што фудбалерите излегуваат на теренот, а на поминување се поздрави со судијата.

- Оглас -

Најнови вести