Реал Мадрид триумфираше со 2-0 против Гранада благодарение на одличниот погодок на Каземиро, меѓутоа бразилскиот играч за врска многу лесно можеше да биде трагичар за актуелниот шпански првак.
Пред Каземиро да реализира за водство, наводно направил прекршок доволен за пенал во корист на гостите. Спорниот момент се случи при прекин за Гранада, кога Каземиро го повлече противничкиот играч со цел да не му дозволи да се закани кон голот на Куртоа, но ниту судијата, а ниту ВАР-системот не реагираа на овој момент.
Реал минималната предност ја чуваше до последните моменти од средбата, пред Бензема да ги постави конечните 2-0.
На социјалните мрежи веднаш реагираа дека на Кралевите повторно им прогледале низ прсти, а Гранада е видно оштетена.
PENALTI DE CASEMIRO? JAJAJA pic.twitter.com/2py6qgkbC0
— Team Ansu Fati ❼ (@FatiTeam) December 23, 2020
Инаку, Реал повторно се израмни со Атлетико на врвот на табелата со по 32 бода по 15 одиграни кола во шпанското првенство.