Со уплата на „стотче“, на шест погодени меча си заработи 300.000 денари!

Среда се покажа како многу среќен ден за еден обложувач кој уплатил тикет во Sport Life во Прилеп. Со уплата само од 100 денари на шест одиграни меча, бруто-добивката е 308.115 денари.

Одбрани се мечеви од елитните лиги во Европа, а добитната тактика е да се погоди полувреме-крај. Барселона со 1:0 славеше над Сосиедад благодарение на голот постигнат на почетокот на второто полувреме, па погодено е Х-1.

ТРЕБА ДА СЕ ИМА И СРЕЌА, А ТОА СЕ СЛУЧИ СО ГОЛОВИ ВО 90+3 И 90+4 МИНУТИ

Со комбинација Х-Х, односно да е нерешено на полувреме и нерешено на крај, погодени се дуелите Осасуна – Севилја 1:1 (0:0) и Витезе – Твенте 2:2 (1:1). Посебно интересно е на дуелот од шпанскиот куп, каде што Севилја израмни на 1:1 со погодок во 90+4 минута.

Добитен погодок во судиското надополнување имаше и на дуелот Мајнц – Борусија Дортмунд. На полувреме беше 1:1, а Милионерите до победата стигнаа со погодок на Рејна во 90+3 минута.

Феенорд лесно со два гола во првото полувреме го победи НЕК со 2:0 за лесна погодена комбинација „еден во еден“. Единствениот меч кој е погоден само на конечен тип, а не е играно полувреме-крај е дуелот меѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт, кој заврши 1:1.

- Оглас -

Најнови вести