Со уплата од 100 денари до добивка од 5.000 денари со Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет интересни фудбалски натпревари се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 49, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.25.

Од фудбалерите на Јувентус се очекува да одиграат ефикасно против Видад Казабланка, па квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако „страта дама“ постигне помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Во четвртфиналето на младионското Европско првенство играат селекциите на Данска и Франција, а очекувањата се дека ќе има ефикасен фудбал. Квотата од 2.00 ќе биде добитна доколку двете екипи постигнат барем по еден гол, но и ако има голови и во двете полувремиња.

Ефикасен фудбал се очекува и од Салернитана и Сампдорија во мечот кој ќе го даде последниот учесник во италијанската Серија Б. Квотата од 2.20 ќе биде добитна само ако има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Реал Мадрид е апсолутен фаворит за победа во мечот против Пачука на Светското клупско првенство, па квотата од 2.20 ќе биде добитна ако „кралевите“ победат, но и ако постигнат најмалку три гола во мрежата на Мексиканците.

Интересен меч се очекува да одиграат Салцбург и Ал-Хилал на клупскиот Мундијал. Квотата од 2.25 ќе биде добитна ако натпреварот не заврши нерешено, но и ако се затресат двете мрежи.

- Оглас -

Најнови вести