Дуелот помеѓу Тринидад и Тобаго против Гвајана кој заврши со 3-0 за домашните, мина во знак на гостинскиот голман Ејкел Кларк.
Кларк најпрвин одбрани пенал, и не само тоа, туку и уште два шута откако ја одби топката, но подоцна се претвори во трагичар, и направи катастрофална грешка по која прими гол за 3-0. Рајан Телфер беше стрелец на овој смешен гол, но нему му остана полесниот дел од работата, бидејќи голманот Кларк направи грешка која стана хит на социјалните мрежи низ светот.