33.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Со ваква „двојка“ на Баерн, невозможно е да не се состави добитен тикет

Ние ќе се задоволевме и со минимални 0-1 за предлог-тикетот да биде добитен, но Баерн реши да брои дури до осум и да ја демолира Барселона.

Неверојатната победа од 8-2 на Баварците во четвртфиналниот спектакл беше најава дека вчерашното издание на Типстерски совети има големи шанси да биде добитно. Понудивме 32.70 квота, сосема доволно за убава добивка, а на оние кои ги искористија предлозите им се заблагодаруваме за довербата.

Чиста како солза беше „двојката“ на Баерн, прв тип на тикетот со 2.20 квота од Супер тип понудата на Sport Life.

Во Италија се водеше битка за опстанок, каде се бараше победа или реми на Перуџа при тоа да има голови на двете страни за добитна квота 2.50. Перуџа во 90 минути ја надигра Пескара со 2-1, резултат кој ги одведе во продолженија, односно пенали.

Часови претходно Црвена ѕвезда издвои триумф од 3-2 против Спартак Суботива, и повеќе од доволно за дa излезе типот 1 & 3+ со 1.71 коефициент.

Торонто рутински славеше против Денвер со 117:106, „кецот“ со хендикеп нудеше одличен коефициент 1.90, како и обичната „единица“ на Индијана против Мајами од 1.83 квота.

- Оглас -

Најнови вести