Хофенхајм ја победи Борусија Дортмунд со 2-1, и тоа со пресврт, откако гостите водеа со 1-0 до 79-та минута. Тогаш несмасната одбрана на Дортмунд направи кикс кој го искористи Адамјан, а Андреј Крамариќ го постигна клучниот гол во 87-ма минута. Можеби излегувањето на Хумелс кој ја остави одбраната без лидер, беше причина за лошата и неснаодлива игра при изедначувачкиот гол.
Овој пораз на Борусија го израдува Баерн кој има прилика да ги прескокне Милионерите и да им побегне три бода. Ова е голот со кој Хофенхајм изедначи на 1-1:
https://twitter.com/i/status/1208132767579394048