Леванте на гости славеше со 2:1 против Леганес, а потегот на мечот го имаше Хосе Кампања. Играчот за врска даде вистински еврогол во 49 минута со кој Леванте поведе со 2:0. Кампања беше во позиција од која најчесто се нафрлува, но тој забележа дека голманот на домаќините е излезен и реши да шутира директно во голот.
Тоа се покажа како исправен потег, бидејќи гледачите видоа фудбалско ремек дело.
Погодокот на Кампања е на 26 секунда од видеото.