8.8 C
Skopje
четврток, 4 декември 2025

Соиграч на Јокиќ постигна 52 поени и тоа не му е личен рекорд

Денвер нагетс победи на гостувањето од НБА лигата кај Индијана пејсерс со 135-120, а јунак на средбата беше Џамал Мареј кој постигна дури 52 поени, три помалку од неговиот личен рекорд.

Мареј погоди дури 10 тројки од 11 обиди, иако пред мечот беше неизвесно дали ќе игра поради мала повреда. Со 24 поени, 13 асистенции и осум скока, и Никола Јокиќ даде голем придонес, а и тој има мала повреда.

Мареј стана третиот играч на Денвер кој сезонава дал барем 50 поени, по Арон Гордон и Јокиќ. Ова е првпат во историјата на НБА на првите 21 меча во сезоната, да има тројца различни соиграчи од некој тим со „50-ки“. 

ЛА Клиперс победи против Атланта и прекина серија од пет порази. Неколку часа пред мечот Клиперси го отпуштија легендарниот плејмејкер Крис Пол, а публиката во Атланта им скандираше „Каде ви е Крис Пол?“, но таа провокација не помогна. 

Изненадувањето на вечерта се случи токму во Кливленд, каде домашните беа поразени од Портланд. Ова е прв пат Кливленд да загуби од тим со негативен скор оваа сезона, ниту 35-те поени на Донован Мичел не им помогнаа на Кавалирс.

Херојска победа оствари и Милвоки кој остана без Јанис Адетокумбо по само три минути игра, имаа -18, но го победија Пистонс кој е лидер на Источната конференција. 

Резултати:

Кливленд – Портланд 110:122
Индијана – Денвер 120:135 
Орландо – Сан Антонио 112:114
Атланта – ЛА Клиперс 92:115
Њујорк – Шарлот 119:104
Чикаго – Бруклин 103:113
Хјустон – Сакраменто 121:93
Милвоки – Детроит 113:109
Далас – Мајами 118:108 

- Оглас -

Најнови вести