Сантијаго Солари не се плаши дека тренерската позиција во Реал Мадрид му е загрозена, па шпекулациите дека ќе биде избркан по завршувањето на сезонава ги прифаќа како нешто нормално и вообичаено.
Некогашниот играч, а сега тренер на Реал, клубот го спореди со актерката Џулија Робертс, која исто така имала многу додворувачи.
„Клубот секогаш имал повеќе додворувачи и од Џулија Робертс. За мене, ова е нешто нормално. Дали Џулија би ме одбрала мене или Мурињо? Треба неа да ја прашате“, изјави Солари во пресрет на утрешниот меч од осминафиналето во ЛШ против Ајакс.
Солари кажа дека сите играчи му се на располагање, освен две важни алки во системот на Солари, суспендираниот капитен Рамос и повредениот Љоренте, кој е при крај со рехабилитацијата и наскоро ќе почне да го загрозува стартното место на Каземиро.