Солари со еврогол го израдува Симеоне пред 10 години (Видео)

Диего Симеоне од 2011 година е тренер на Атлетико Мадрид и оттогаш имаше доста градски дербија со Реал Мадрид, на чија клупа се сменија многу познати тренери, а утре Симеоне првпат ќе води тактичка битка против еден свој сонародник и поранешен ученик.

Во април 2009 година, Симеоне го презеде кормилото на Сан Лоренцо де Алмагро (клуб за кој навива актуелниот папа Франциско), а тогаш дресот на тој тим го носеше Сантијаго Солари, сегашниот тренер на Реал. Дебито на Симеоне како тренер на Сан Лоренцо беше против Расинг, мечот заврши 1-1, а првиот бод како тренер во тој клуб, каде што остана една година, му го донесе токму Солари со еден прекрасен гол.

Нивната соработка во Сан Лоренцо траеше два и пол месеци, бидејќи Солари замина во мексиканскиот Атланте, а популарниот Чоло неколку месеци подоцна ја презеде италијанска Катанија. Симеоне и Солари имаат играно еден против друг во градските дербија, а сега ќе имаат дуел и како тренери. Солари играше и за Атлетико, но во тоа време Симеоне беше во Лацио, па не се начекаа заедно во ист тим.

Погледнете го голот на Солари од 2008 година за водство од 1-0 во тренерското деби на Симеоне во клубот Сан Лоренцо:

- Оглас -

Најнови вести