Солари: Со ваков квалитет во двата тима, сѐ е можно на реваншот

Реал Мадрид одигра 1-1 на гостувањето кај Барселона во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија. Кралскиот клуб покажа дека напредува во играта, посебно ако се знае дека само пред неколку месеци, на „Камп ноу“ загуби со 5-1. Еден од оние кои имаат најголема заслуга за подобрувањето на играта секако е тренерот Сантијаго Солари, кој во текот на сезоната го презеде кормилото.

„Мислам дека мечот беше убав за гледање. Ние секогаш сакаме да победиме, а на овој меч имавме неколку неискористени шанси за да постигнеме и втор погодок. Сепак, задоволен сум од тоа што го направивме. Во двете полувремиња имаше многу шанси. Резултатот е отворен, а со ваков квалитет каков што имаат двата тима, во реваншот сѐ е можно“, рече Солари.

Реванш-средбата од полуфиналето на Купот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се игра на 27-ми февруари. Пред реваншот со Барселона, Реал го очекува уште едно големо дерби, тоа против градскиот ривал Атлетико во Примера дивисион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести