Солари сруши рекорд на Реал стар над 60 години

Кога Сантијаго Солари беше назначен за привремен тренер на Реал Мадрид, многумина беа скептични дека тоа е вистинско решение. Сега, само по три меча како тренер на Кралскиот клуб, Аргентинецот почна да руши рекорди.

Реал синоќа убедливо со 5-0 победи на гости кај Викторија П’лзењ во меч од Лигата на шампионите и со тоа стана првиот тренер кој дебитирал со три победи без примен гол. Во претходните два меча, Реал со 4-0 ја победи Мелиља во Купот на Шпанија, а потоа со 2-0 славеше на гости кај Валјадолид. Тоа значи дека Реал под водство на Солари има гол-разлика од 11:0, и тоа само по три одиграни средби.

Последен пат тоа успеал да го направи еден тренер на Реал во далечната 1957 година, кога на клупата седнал Луис Карнилје.

 

- Оглас -

Најнови вести