Солидарните Кралеви му заштедија 25 милиони евра на клубот

Фудбалерите на Реал Мадрид, на чело со капитенот Серхио Рамос, се откажале од бонусите во вкупна вредност од 25 милиони евра кои требаше да ги добијат како награда за освоената титула во Ла Лига во ланската сезона, како и во шпанскиот Суперкуп.

Секој од 25-те играчи во првиот тим на Реал требаше да добие по 700.000 евра како бонус за освоената титула, а и дополнителни 300.000 евра за успехот во Суперкупот, меѓутоа тие одлучиле да го остават наградниот фонд и да му помогнат на клубот во време на криза.

Во изминатиов период Реал Мадрид одлично се соочи со финансиските загуби поради пандемијата со корона-вирусот. Шпанскиот првак продаде дел од играчите, додека не потроши ниту евро за ангажмани, а воедно на двапати ги намали платите на играчите за да се одржи стабилност.

- Оглас -

Најнови вести