Солидно коло, можеше да биде уште подобро: Две 11-ки за ваучери од 500 денари

А. Ахмет и Г. Ристо се двајцата најдобри прогнозери во 16-тото коло на Спортска прогноза. Тие заслужено си заработија ваучери од 500 денари на Sport Life, затоа што имаа по 11 точни прогнози од вкупно 13 парови. За разлика од минатите изданија, ова коло може да се каже дека помина солидно, но можеше да биде уште подобро.

Ахмет до неделата попладне имаше перфектен учинок и целеше кон главната премија iPhone XS, а се лизна на градското дерби меѓу Тотенхем и Челзи со верба дека Жозе Мурињо ќе го нокаутира неговиот поранешен клуб. До вчера беше во игра за 12 точни типови, односно вредносен ваучер од 1.000 денари, но Денизли претрпе дебакл од 1-5 против Аланија.

Ристо се надеваше дека италијанскиот Суперкуп ќе му припадне на Јувентус, но победи Лацио, додека тотално промашување му беше „двојката“ на Милан во дуелот со Аталанта.

Што се однесува за трката во Генералниот пласман, на врвот е тесно, особено од првото до петтото место. Т. Христијан е лидер со 115 точни прогнози, следуваат Б. Славе и Д. Николче со по 113, И. Петре и Т. Благоја имаат по 111 точни прогнози.

Во 14 часот ќе бидат објавени новите 13+2 парови во пресрет на 17-тото, а воедно и последно коло за 2019 година. Потоа ќе се направи пауза до првата недела од јануари, по што ќе следуваат нови шанси за да се освои примамливиот iPhone XS.

 

- Оглас -

Најнови вести