Македонија има добри фудбалски кадети, одиграа без голови против Полска во Република Ирска

Македонските фудбалски репрезентативци во категорија до 17 години одиграа нерешено без голови против Полска на турнирот што се игра во Република Ирска.

Ова беше и премиерниот меч во првата фаза на патот кон настап на Европското првенство, а иако беа аутсајдери, нашите млади репрезентативци одиграа добар меч и забележаа и добар резултат.

Ова ни е и прво реми против Полјаците во оваа возрасна категорија, откако претходно претрпевме три порази од денешниот ривал во претходни квалификациски циклуси.

Првата фаза на патот кон ЕП ќе ја минат двете првопопласирани селекции, а третата ќе зависи од резултатите во останатите групи.

Следниот меч Македонија го игра на 10 октомври, против домаќинот на турнирот, селекцијата на Република Ирска, а завршуваме во првата фаза со дуел против Андора на 13 октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести