Екипата на Вардар 1961 нема да ги игра трите меча од Лигата на шампионите кои беа одложени поради рестрикциите во Франција и Германија, па Европската ракометна федерација средбите ги регистрираше со службени резултати.
За неодиграното гостување кај Флензбург, вардарци добија службена победа од 10-0 и два бода. За неодиграниот меч во Скопје со ПСЖ, Вардар 1961 доби службен пораз од 0-10, и Французите без борба освоија два бода, а најинтересна е одлуката за неодиграната париска пресметка на ПСЖ и Вардар 1961. ЕХФ реши мечот да го регистрира со резултат 5-5, и на двата тима да им даде по еден бод.
Службена победа доби Металург против Феникс Тулуз од Европската лига, како и Еурофарм Пелистер против Рај Некар Левен.