Солскјер до Халанд: Со среќа во погрешната страна од Манчестер!

Норвешкиот голгетер, Ерлинг Халанд, откри каква честитка добил од сонародникот Оле Гунар Солскјер, после трансферот во Манчестер сити.

Солскјер кој е некогашен менаџер на Манчестер јунајтед, а го тренираше Халанд во норвешки Молде, му порачал на младиот Ерлинг дека ја одбрал погрешната страна.

„Солскјер имаше голем импакт врз мојата кариера кога бев во Молде. Некогаш разговарам со него. Кога потпишав за Сити, тој ми честиташе и ми напиша: Среќно одењето во погрешната страна од Манчестер“ – вели Халанд кој со насмевка ја проследил провокативната шега.

- Оглас -

Најнови вести